Стефан Ристовски ’го стави в џеб’ Манџукиќ и ги собра аплаузите во Лисабон

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски одигра одличен меч за Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, собирајќи ги аплаузите од преполниот стадион. Тој апсолутно успеа да го сопре Марио Манџукиќ, а умееше правовремено да се уфрли и во нападот на својот тим, во моментите кога Спортинг Лисабон бараше можност да се закани кон голот на Џанлуиџи Буфон. За жал, најверојатно се повреди во 90.минута, кога и беше повлечен од теренот.

Се чини дека Ристовски апсолутно ја оправда довербата на тренерот Жорге Жесус, па сега се очекува и да добива многу поголема минутажа во продолжение од сезоната. Ако може да одигра на врвно ниво против Јувентус во Лигата на шампионите, тогаш дефинитивно може и против сите останати, и во елитното европско натпреварување, и во првенството на Португалија.

Вечерашниот настап на Стефан Ристовски како стартер во ЛШ, беше прв за еден македонски фудбалер по цели две години. Последен пат настапи Аријан Адеми во дресот на Динамо Загреб. на 29.септември 2015 година.

Се вчитува...