Фудбалерите на Сараево стигнаа до голема победа во битката за Европа, откако вечерва на домашен терен славеа во дербито на 26. коло во првата лига на Босна и Херцеговина.
Херој на тимот на Сараево беше поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски кој во 64. минута го постигна погодокот вреден големи три бода за својот тим.
Покрај Ристовски за домашниот тим настапи и вториот Македонец, Агон Елези.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

