Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски со ново признание во најсилниот шампионат на Хрватска.
И третпат во својата кариера Ристовски, согласно изборот на Синдикатот на прифесионални фудбалери во Хрватска, се најде во идеалниот тим од Првата лига на Хрватска.
Извонредните игри изминатата година во дресот на Динамо Загреб го издвоија македонскиот репрезентативец на местото број еден на десната бековска позиција за сезоната 2021/2022 во иделниот тим на хрватското првенство.
Претходно Ристовски беше дел од најдобриот тим во Хрватска и во сезоните 2015/2016 и 2016/2017, но тогаш кога беше член на Ријека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА