Аријан Адеми го комплетираше трансферот во редовите на унгарски Ујпешт, а на добар пат да најде нов клуб по заминувањето од Динамо Загреб е и вториот македонски интернационалец, Стефан Ристовски.
Како што информираат „Спортске Новости“, Ристовски има на маса понуда од Турција и лесно може да се случи да го облече дресот на Кочаелиспор. Челниците на овој турски прволигаш се во потрага по искусен дефанзивец за позицијата десен бек, а на Македонецот гледаат како на квалитетна опција што би го решила овој проблем во тимот.
Преговорите се во тек, а останува да се види дали Ристовски наскоро и официјално ќе го облече дресот на Кочаели или ќе се реши за поинаква опција при изборот на нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

