Стефан Ристовски не е во тимот на Спортинг Лисабон на мечот со Барселона

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски не е во составот на португалскиот тим Спортинг Лисабон, кој вечерва ја пречекува Барселона на домашен терен. Иако тој дебитираше во првото коло од ЛШ на гостувањето против Олимпијакос, кога Спортинг Лисабон славеше со 2-3, сега тренерот Жорге Жесус одлучи да не го вброи во составот. Тој остана на трибините и нема да биде дел од вечерашниот спектакл во Лисабон.

Жорге Жесус се реши на десната бековска позиција да биде италијанскиот интернационалец Кристијан Пичини. Од друга страна, во првиот состав на Барселона се наоѓаат сите ѕвезди со кои располага тренерот Ернесто Валверде, предводени од Лионел Меси, Луис Суарез и Андрес Иниеста.

Се вчитува...