За продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, велешки Борец се засили со уште еден фудбалер кој се враќа во Македонија по настап на интернационалната сцена.
Ново име во редовите на Борец е 19-годишниот Стефан Ристовски кој доаѓа од екипата на ЦСКА 1948 Софија.
Ристовски потекнува од младинската школа на Вардар, а досега во кариерата има настапувано и за Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА