Стефан Ристовски официјално промовиран во дресот на Сараево

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски и официјално промовиран во дресот на босанскиот прволигаш Сараево.

По завршувањето на соработката со Динамо Загреб, 33-годишниот Ристовски потпиша двегодишен договор со Сараево, со можност за продолжување на уште една сезона.

Изминатите четири сезони настапуваше за најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб, а претходно во кариерата ги носеше и дресовите на Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Ријека и Спортинг Лисабон.

Се вчитува...