За Динамо Загреб следува еден од потешките предизвици во Лигата на шампионите. На свој терен на „Максимир“ ја пречекуваат екипата на европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд. Во недела, пак, „модрите“ играат против Хајдук на „Пољуд“.
На прес-конференцијата пред натпреварот, зборуваше еден од капитените на Динамо Загреб, Стефан Ристовски. Прашан над кој противник би сакал повеќе победа? Над Борусија Дортмунд или над Хајдук?
„Ќе ги добиеме и двата ривали“, рече Ристовски.
Потоа кажа дека Борусија Дортмунд е сериозен противник.
„Ни доаѓа сериозен противник, кој со години игра во Лигата на шампионите. Ќе ни треба добра енергија, добар пристап, тие нема да ни дозволат грешки. Ќе ни требаат совршени 90 минути ако сакаме да дојдеме до позитивен резултат“, истакна Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА