Стефан Ристовски по хаваријата во Минхен: „Ова е неприфатливо“

Зад Динамо Загреб е тешка недела. Загубија од вечниот ривал Хајдук на домашен терен во хрватскиот шампионат, а синоќа претрпеа вистински дебакл во Минхен, откако во првото коло во Лигата на шампионите беа поразени од Баерн со убедливи 9-2.

И додека малкумина сакаа да го коментираат поразот во Лигата на шампионите, тоа го стори македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, кој им се извини на фановите и кажа дека Динамо мора да покаже единство.

„Пред се, сакам да им се извинам на сите фанови на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат покрај нас во овие тешки мигови. Не е воопшто лесно да се коментира после еден ваков пораз. Ние не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Сега е најлесно да се впери прстот во некого и да се каже дека е виновен, но само заедно можеме да се извлечеме од оваа ситуација. Динамо со години гради имиџ и ова е неприфатливо за нас. Имам само една молба, да останеме заедно и во единство да го пребродиме ова. Само така можеме да одиме напред“, изјави Ристовски.

Се вчитува...