Стефан Ристовски потпиша за ЦСКА 1948 Софија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски потпиша за еден од најдобрите клубови во Бугарија, ЦСКА 1948.

18-годишниот Ристовски, кој е стандарден член на репрезентацијата до 19 година, стартува своја интернационална кариера по успешните настапи во домашните младински првенства.

Ристовски ги мина сите категории на Работнички од каде сега продолжува во ЦСКА 1948 од Софија.

Се вчитува...