Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски откако вчера беше потврдено дека е член на босанскиот прволигаш Сараево, денеска во друштво на Крсте Велковски ја имаше и промоцијата во новиот клуб.
По завршувањето на соработката со Динамо Загреб, 33-годишниот Ристовски потпиша двегодишен договор со Сараево, со можност за продолжување на уште една сезона.
Изминатите четири сезони настапуваше за најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб, а претходно во кариерата ги носеше и дресовите на Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Ријека и Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

