Стефан Ристовски се повреди, предвреме го напушти мечот во ЛШ

Стефан Ристовски, македонскиот интернационалец во дресот на Динамо Загреб, го заврши својот настап во првиот меч од плеј-офот во Лигата на шампионите против Карабах. Некогашниот репрезентативец мораше да го напушти теренот на „Максимир“ во 20. минута поради повреда.

Уште е рано да се даваат прогнози за повредата на десниот бек, но речиси сигурно дека нема да биде во комбинација за реваншот во Баку. Станува збор за повреда на ложата.

Инаку на полувремето Динамо има предност над Карабах со 1-0 со голот на Марко Пјаца.

Се вчитува...