Стефан Ристовски воопшто не беше дел од тимот на Спортинг на првите три средби сезонава, во кои гигантот од Лисабон освои максимални девет бода. Причина за ова е инсистирањето на тренерот Жесус Македонецот најпрвин да се адаптира во новата средина, а потоа да почне со настапи за тимот. Последните информации од Португалија велат дека Жесус е презадоволен од Ристовски, па веќе е најавено дека македонскиот десен бек в недела ќе го има своето деби за новиот клуб.
Ристовски отпатува со екипата на Спортинг и на гостувањето од ЛШ во Букурешт. Тој нема право на настап на оваа средба, но стручниот штаб инсистирал тој што повеќе време да мине со остатокот од тимот, воедно и да одработи уште еден тренинг со екипата.
Неговото деби се очекува на неделниот домашен натпревар против Есторил, меч на кој Спортинг ќе се обиде да го продолжи импресивниот старт на сезоната со три победи на три меча и вкупна гол разлика 8-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА