Објава од фудбалскиот клуб Железничар по дербито со Сараево, кое заврши без голови, стана вирален хит изминативе денови во БиХ.
Поради својата содржина, фотографијата привлече огромно внимание и за кратко време достигна милионска публика на Твитер, Инстаграм и Фејсбук.
На дотичната фотографија, покрај играчот на Железничар, Енес Алиќ, во многу незгодна поза, се наоѓа и фудбалерот на Сараево и поранешен македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, кој зборуваше за целата ситуација во новото издание на подкастот на босански „Вјести“…
Kraj! 🔵⚪ pic.twitter.com/O7B6023D29
— FK Željezničar (@fkzeljeznicar) April 4, 2026
На прашањето како би го коментирал објавувањето во кое се нашол во неблагодарна улога, Ристовски даде јасен одговор.
„Јас навистина не се занимавам со тие работи. Додека некој се занимава со трофеи, некој се занимава со маркетинг. Тие остануваат со тоа, а за нас е друго време. На крајот, мртвите се бројат“, рече Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

