Најдобриот фудбалер на Македонија за сезоната 2016/17 е Стефан Спировски. Во дресот на Вардар ја освои шампионската титула, а потоа со македонскиот првак успеа да избори и историски настап во групната фаза од Лигата на Европа. Тој е стандарден македонски репрезентативец, а ова лето направи трансфер во унгарскиот клуб Ференцварош. Тој не можеше да присуствува на манифестацијата на ФФМ, но со посредство на мобилната телефенија, секако, можете да се поврзете и на голема далечина.
Тој се заблагодари за наградата и посака многу успеси и за себе, и за Македонија, во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА