Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски, беше стрелец на четвртиот гол за неговиот тим Пјуник, во победата над Ширак од 0-4.
Играчот од средниот ред како „џокер“ влезе во второто полувреме, и во судиското надополнување успеа да погоди и да стави печат на победата. Пјуник цело второ полувреме го одигра со играч повеќе.
Ова беше деби гол за поранешниот играч на Вардар, Работнички и Пелистер во шампионатот на Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА