Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски летово ќе бара нов клуб, откако е без ангажман по завршувањето на договорот со ерменски Пјуник. Спировски стигна во Пјуник минатата сезона од тимот на МТК, и после една сезона заминува од ерменскиот тим.
За Пјуник Спировски одигра 22 натпревари во сите натпреварувања вклучувајќи ги и мечевите од групната фаза во Лигата на Конференции со овој тим.
Во минатото Спировски настапуваше за Ференцварош, АЕК Ларнака, Борац Чачак, Хапоeл Тел Авив, МТК, Мариупол, Бероа, а од македонските тимови беше дел од Пелистер, Работнички и Вардар. За македонската репрезентација има одиграно 55 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА