Стефан Стојановиќ е европски јуниорски карате шампион!

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ е нов европски шампион во категоријата над 76 килограми за јуниори до 21 година откако го освои златниот медал на Европското првенство за кадети и јуниори кое се одржува во Тампере, Финска.

Стојановски златото го освои со триумф во финалето над Матео Аванцини од Италија со 5-4 на поени, освојувајќи поен во клучните моменти.

Претходно во категоријата над 76 килограми извојува пет победи за да дојде до финалната борба. Походот кон европската титула го почна со триумф над Французинот Зуауи со 4-2. Следуваа победи и против Елијас од Чешка, Јермолаев од Летонија и Јароцки од Полска.

Македонија денеска се закити и со бронзен медал на шампионатот, откако Матеј Белистојаноски продолжувајќи по стапките на својот татко поранешен македонски репрезентативец Петар Белистојаноски стигна до третото место во категоријата до 55 килограми.

Матеј во борбата за бронза со високи 9-0 го совлада Максим Каширски од Белорусија.

Се вчитува...