Maкедонскиот автомобилист Стефан Тренески ја имаше својата прва трка во Формула 4 во рамките на ЦЕ3 Дивизијата.
Тренески денеска дојде до 20. место, во конкуренција на 28 возачи во својата група, по што утре го чека нов настап и тоа на легендарната „Ред Бул Ринг“ во Австрија.
Во Ф4 сезоната, како што е познато, има вкупно шест тркачки викенди, од кои два ќе се возат на патеки на кои се одржуваат и трките во Формула 1.
Победата на денешната трка во Ф4 ја однесе Тео Брнештајн од Јенезер Мотоспорт, втор беше Макс Каран од истиот тим, а трет Давид Валтер од Мафи Рејсинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

