Стефани Фрапар испишува историја – Прва жена што ќе суди финале во Суперкупот на УЕФА

Француската судијка Стефани Фрапар ќе испише историја, бидејќи ќе стане првата жена која ја добила довербата да биде главен судија на финален натпревар во организација на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Фрапар е делегирана да биде главен арбитар на натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Ливерпул и Челси, кој ќе се игра на Бешикташ арената во Истанбул.

Фрапар минатата сезона беше првата жена судија која ја доби улогата да биде главен арбитар на меч од француската Лига 1.

 

Се вчитува...