Италијанскиот фудбалски стручњак Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина, соопшти клубот од Фиренца.
Пиоли потпиша тригодишен договор со Фиорентина, каде веќе беше тренер од 2017 до 2019 година. Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо изјави дека е многу среќен поради назначувањето на Пиоли за нов тренер на клубот.
„Многу сум среќен што Стефано Пиоли е новиот тренер на првиот тим на Фиорентина. Од првиот момент кога разговарав со него, најдов тренер со големи човечки вредности кој е подготвен да направи се што може за овој клуб и овој град, кој многу добро го познава и со кого има блиски односи“, изјави Комисо.
Последен клуб на Пиоли беше саудискиот Ал Наср, додека пред тоа неполни пет години беше тренер на Милан, со кој во сезоната 2021/22 ја освои шампионската титула на Италија. Пиоли претходно, меѓу другите, ги водеше и Интер, Лацио и Болоња, додека за време на својата играчка кариера настапуваше за Фиорентина од 1989 до 1995 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

