Македонската женска репрзентација не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство 2025, откако и во реванш натпреварот со Полска загуби од фаворитот со 21-23.
По првиот пораз од 22-18 во Колашин, македонските ракометарки беа целосно рамноправен противник со квалитетната полска селекција, но и покрај израмнетиот натпревар во Битола не успеаја да приредат изненадување.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов по мечот искажа силна поддршка за ракометарките и стручниот тим истакнувајќи дека на вистински начин го презентирале македонскиот женски ракомет кој, без сомнение, има иднина.
„Пожртвувана игра, борбен дух, срце на терен. Големо браво до девојките и целиот стручен штаб. Нема разочарување, главата горе. Македонскиот женски ракомет има иднина“ – напиша Стефанов на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА