Стефанов: Мора и треба да бидеме задоволни од тоа што го покажавме на ова ЕП

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија стигна до првата победа на ЕП 2026 откако по голема борба славеше над Романија со  24-23, стигнувајќи до третото место кое ќе донесе и улога на носител во ждрепката за вториот бараж за СП 2026.

По мечот свое видување за шампионатот даде и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов…

„Мора и треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме во Данска на ова Европско првенство. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики, според букмејкерите. Докажавме дека можеме и во тоа како силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска, како и Португалија која заврши четврта на последното првенство, да извојуваме едно реми и една победа и како една од подобрите третопласирани селекции во сите групи да го завршиме ова првенство и како носители да чекаме поволен ждреб за Светското првенство.

Се уште ништо не е завршено, го чекаме исходот од Данска – Португалија, иако треба чудо за таква победа од над 17 разлика. Кога ќе го видиме тој исход, ќе ги сумираме впечатоците. Но, ова е една успешна претстава, одиграно машки, храбро, борбено. Со Романија цел меч имавме резултат, го контролиравме. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“, изјави Стефанов.

Се вчитува...