Стефанов со финансиска поддршка за ракометната репрезентација (фото)

Ракометната репрезентација на Македонија го продолжува континуитетот на големите натпреварувања, а компаниите во нашата земја знаат да го ценат и поддржуваат реномето на најуспешната национална селекција.

Утрово беше обелоденето дека „Македонски Телеком“ ја продолжува соработката како спонзор на РФМ, а вечерва финансиска поддршка пристигна и од Александар Стефaнов, успешниот бизнисмен кој воедно и ја најави својата кандидатура на следното собрание закажано на 1 март 2025 да го наследи Живко Мукаетов на функцијата претседател на куќата на ракометот.

„Александар Стефанов, долгогодишниот член на Управниот Одбор на РФМ и претседател на УО на фабрика Карпош АД Скопје, финансиски ја поддржа машката 🇲🇰македонска репрезентација и Ракометната Федерација на Македонија пред настапот на Светското првенство“, објави РФМ.

“Поддршката пред настап на големите натпреварувања е драгоцена за репрезентацијата, особено ако доаѓа од луѓе како Александар Стефанов, кој има јасна визија за развој на ракометот. На спортот број еден во Македонија му се потребни луѓе кои ќе продолжат да работат професионално, ќе го подигнат нивото на квалитетот, ќе вложуваат безрезервно во ракометот”, порача селекторот Кирил Лазаров.

Се вчитува...