Стефанов со порака за ракометарите: Реми еднакво на победа, без притисок кон триумф против Романија!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Александар Стефанов, со поддршка за ракометарите и стручниот штаб, по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Португалија, на ЕП 2026.

Тој напомена дека ремито со Португалија е еднакво на победа, и им порача на ракометарите без притисок и на победа против Романија.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот. Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија“, е ставот на Стефанов.

Се вчитува...