Стефановски е првиот Македонец кој скокна над четири метри! (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски на Европското тимско првенство (Дивизија 3) во Марибор го урна националниот рекорд во скок со спат.

Стефановски на денешното натпреварување прескокна 4.05 со што го сруши рекордот од 3.90 на Владимир Карер поставен во Ливорно во 1968 година.

Светски рекордер во дисциплината скок со стап е на Швеѓанецот, Арманд Дуплантис кој пред десет дена ја помести границата на 6.27.

Се вчитува...