Македонските автомобилисти Игор Стефановски-Иџе и Виктор Давидовски не реализираа пласман за одбележување на трката од Eвропското ТЦР првенство во Асен, па на подобар резултат ќе се надеваат на утрешната втора трка на истата патека.
Македонските претставници имаа проблеми уште во квалификациите, Стефановски се избори за 17. место на стартот додека Давидовски имаше излетување од патеката.
За време на денешната трката Стефановски напредуваше само едно место и на крајот се пласираше на 16. позиција, а Давидовски успеа да напредува повеќе и го освои 17. место на првата од двете планирани трки во Холандија.
На денешната трка во Асен победи Унгарецот Даниел Наѓ пред Верне и Ричард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА