Стефанов објави кандидатура за нов претседател на РФМ

Живко Мукаетов и УО на РФМ денеска го одредија 1 март за датум на новото Изборно Собрание, а веднаш беше обелоденет и првиот кандидат кој ќе учествува во трката за нов претседател по повлекувањето на успешниот бизнисмен.

Александар Стефанов, кој е прв човек на РК Бутел и во последните години е дел од УО на РФМ, на состанокот на Управниот Одбор јавно ја потврди својата кандидатура за оваа одговорна функција.

„Иако сум млад по години, сметам дека со искуството и во ракометот стекнато и во РК Бутел и од Управниот Одбор, верувам дека со напорна работа и со соработка со луѓето околу мене ќе дадам придонес за уште поголем напредок во нашиот спорт. Сега сакам акцент да биде на настапот на репрезентација на СП, а потоа ќе откријам повеќе детали за кандидатурата и моите планови“, изјави Стефанов пред членовите на УО.

Се вчитува...