Младиот македонски атлетичар Огнен Стефановски продолжи со одличните настапи и во сала, поставувајќи нов национален рекорд во дисциплината скок со стап во сала со прескокнување на 4,01 метар.
Овој резултат претставува подобрување на претходниот рекорд за импресивни 21 сантиметар, што е значителен напредок за оваа технички сложена дисциплина. Стефановски, кој минатото лето го урна рекордот стар 57 години на отворено со скок од 4,05 метри во Марибор, сега ја помести границата и во сала. Овој успех доаѓа како продолжение на неговата одлична форма во 2025 година, каде тој се истакна и во десетобој и седмобој, поставувајќи нови национални рекорди.
Секако, резултатот на Стефановски е сè уште далеку од светскиот рекорд, кој е во сопственост на шведската ѕвезда Арманд „Мондо“ Дуплантис. Дуплантис моментално држи апсолутен светски рекорд од 6,30 метри (поставен во Токио во септември 2025 година).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

