Степанчиќ си замина од ПСЖ, Раул отвори врати за „вардарецот“ Криштопанс

Најдобриот хрватски ракометар Лука Степанчиќ си замина од ПСЖ потпишувајќи договор со унгарскиот ПИК Сегед.

По две години минати во ПСЖ, Степанчиќ се одлучи да го напушти клубот во чии редови, пак, како што пренесуваат француските медиуми треба да пристигне „вардарецот“ Даинис Криштопанс.

ПИК Сегед сезонава е еден од фаворитите и за освојување на Лигата на шампионите. Во првенството на Унгарија се на чело на табелата со дури десет бода предност повеќе од славниот Веспрем.

Сегед сезонава донесе низа засилувања, а доаѓањето на Степанчиќ дополнително треба да ја засили надворешната линија.

Се вчитува...