Капитенот на украинската селекција Тарас Степаненко, ги истакна очекувањата од утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Скопје.
Тој кажа дека мора да се внимава на македонските фудбалери, со оглед дека и натаму го памети натпреварот во Букурешт, каде покрај победата Украина, како што вели, издвојувала тешка победа на крајот.
„Македонија има многу добри фудбалери на кои мора да се внимава. Многу добро се сеќавам на мечот во Букурешт. Тоа беше многу тежок натпревар. Бевме подобар противник во поголемиот дел, но на крајот промашивме пенал и можеше многу лошо да заврши со нас. Затоа многу се подготвуваме за овој меч и во ниту еден момент не смее да дојде до наше опуштање“, рече Степаненко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА