Стерлинг Браун останува во Партизан

Американецот Стерлинг Браун потпиша нов договор со Партизан. Претседателот на клубот од Хумска, Остоја Мијаиловиќ на својот „Х“ профил им ја соопшти радосната вест на навивачите на црно-белите.

„Довербата е клучот за се! Многу сум среќен што потпишавме нов двегодишен договор со Стерлинг“, напиша Мијаиловиќ.

Американскиот бек дојде во Партизан минатото лето по една сезона во Алба Берлин и беше еден од најстандардните првотимци на клубот од Хумска.

Сезонава во АБА лигата има просек од 10,4 поени, 2,1 скок и 2,2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...