Англиската фудбалска асоцијација застана зад Рахим Стерлинг и во соопштение му изрази поддршка на играчот на Манчестер сити. Тој е во фокусот на јавноста на Островот поради објавената фотографија со тетоважата со пиштол на неговата нога.
Стерлиг објаснуваше дека тетоважата има „многу подлабоко значење“ одговарајќи на жестоките критики од активистите во кампањите за контрола на оружјето.
„Го поддржуваме Рахим и веруваме дека објаснувањето што го даде е искрено“ – изјави портпаролот на англиската фудбалска репрезентација, додавајќи дека Стерлинг и неговите соиграчи се фокусирани само на подготвките за претстојното Светско фудбалско првнество во Русија.
Рахим Стерлинг во дополнителна објава на Инстаграм објаснуваше дека тетоважата всушност значела дека тој никогаш во животот не би допрел пиштол затоа што кога имал две години неговиот татко бил застрелан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА