Стерлинг добива „луда“ плата од Гвардиола

Манчестер сити кон почетокот на февруари ќе ги започне преговорите за обновување на соработката со Рахим Стерлинг. Раководството ќе му ја зголеми платата од 170.000 фунти на 250.000 фунти неделно. Неговиот договор истекува во јуни 2020 година, а со зголемувањето на платата ќе се најде меѓу играчите со најголема заработка во клубот.

Англискиот репрезентативец игра како прероден оваа сезона, Гвардиола ја пронајде формулата со која Стерлинг би играл на највисоко ниво, a тој му се оддолжи така што постигна 18 погодоци на 29 меча во сите натпреварувања досега, ефект кој го прави вториот најдобар стрелец во тимот по Серхио Агуеро.

„Граѓаните“ во меѓувреме треба да ги финализираат преговорите за нов договор со Кевин Де Бруин, додека се во завршна фаза и со купувањето на Алексис Санчез.

Се вчитува...