Стерлинг е првото засилување во новата ера на Челси

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг ги договорил личните услови и ќе стане нов фудбалер на премиер-лигашот Челси, пренесуваат британските медиуми. Тој ќе го напушти Манчестер сити поради незадоволство од минутажата која ја добива во клубот од „Етихад“.

Останува уште двата клуба да се договорат околу обештетувањето за 27-годишниот напаѓач кое би требало да биде околу 47 милиони фунти. Стерлинг ќе биде првото засилување за Челси во новата ера на клубот, предводена од Тод Боели.

 

Се вчитува...