Фудбалерите на Челси продолжуваат со катастрофалните партии сезонава во англиската Премиерлига. Тие денеска во единствениот меч на програмата загубија на гостувањето кај Вулверхемптон со 2-1.
Иако гостите беа далеку подобар противник, сепак успеаја да промашат голем број шанси, меѓу кои најголема беше таа на Рахим Стерлинг во 32. минута, кога имаа ситуација 3 на 1 пред противничкиот голман, но и тоа не беше доволно за реализација. Голема шансас имаше и Нкунку во 62. минута, но неговиот удар буквално на гол линијата го спречи Тоти Гомес.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 51. минута кога Лемина постигна погодок за водство од 1-0. Печат на победата на Вулвс стави Дохерти во 93. минута, а конечните 2-1 ги постигна Нкунку во 96. минута.
Sterling saved chance vs Wolves
byu/RevertBackwards insoccer
Wolves [1] – 0 Chelsea – Mario Lemina 51’
byu/MarcoRuss insoccer
Toti Gomes goal line clearance against chelsea 62′
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА