Стерлинг: Ја испружи ногата, беше чист пенал

Рахим Стерлинг си создаде имиџ на добар актер на фудбалските терени со изведбите во дресот на Манчестер Сити, реноме што англискиот ас го оправда и со изнудениот пенал во продолженијата од денешното полуфинале со Данска.

Огромен дел од јавноста е бесен на холандските арбитри за досудениот пенал во ситуација кога немаше очигледен контакт, но Стерлинг е убеден дека судиите биле во право кога покажале на белата точка.

„Дефинитивно беше пенал. Влегов во шеснаесетникот, тој ја испружи ногата. Беше чист пенал“, прокоментира Стерлинг.

Се вчитува...