Стерлинг ќе биде „жртвата“ по трансферот на Мудрик

Челси денеска ќе го комплетира трансферот на украинскиот талент Михајло Мудрик. Целиот трансфер ќе чини неверојатни 108 милиони евра, а тоа е уште еден фудбалер кој оваа сезона ќе слета кај лондонските „сини“ после Кулибали, Фофана, Феликс…

Иако има потрошено најмногу пари од сите клубови во Европа, Челси и натаму е во потрага по напаѓач, па така може да се случи нов трансфер во следниот период.

Во исто време за да намали дел од трошоците, тимот на Потер ќе мора да продаде некој играч. Според последните информации „жртва“ на трансферот на Мудрик ќе стане Рахим Стерлинг, кој е на излезна врата од клубот, шест месеци по неговото доаѓање на „Стемфорд Бриџ“ од Манчестер Сити.

Челси веќе бара потенцијален купувач на Стерлинг, но проблем е неговата голема отштета. „Сините“ нема да сакаат да се ослободат од него без да добијат околу 50 милиони, сума која тешко некој ќе ја плати, со оглед на формата на крилниот играч.

Се вчитува...