Јувентус бара крилен играч за следната сезона, а според италијанските медиуми еден од изборот е фудбалерот на Челси, Рахим Стерлинг.
Англискиот фудбалер се повеќе е вишок во лондонските „сини“ откако екипата направи неколку трансфери на крилните позиции (Мудрик, Мадуеке), а сега е пред потпис и со Педро Нето.
Минатата сезона крилниот фудбалер играше 43 натпревари и постигна 10 гола и 0сум асистенции. Актуелниот договор на играчот со Челси е до 2027 година. Се проценува дека Јувентус би можел да плати 30 милиони евра за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА