Напаѓачот на Челси, Рахим Стерлинг му е понуден на Арсенал. Се чини веројатно дека Стерлинг или ќе остане во Челзи или ќе се пресели во Арсенал.
Неговата непосредна иднина ќе зависи од тоа како ќе се развиваат разговорите денеска меѓу двата лондонски клуба. Семејството на Стерлинг е сместено во Лондон и тој сака да игра во Премиерлигата. Тој исто така сака да го врати своето место во репрезентацијата на Англија.
Стерлинг и претходно соработуваше со Микел Артета и има многу добри односи со него. Арсенал е клуб кој е во игра за титулата во Премиерлигата, но и еден од фаворитите од сенка во Лигата на шампионите.
Стерлинг има уште три години од договорот со Челси, па од клубот не мораат да го продадат по секоја цена иако менаџерот Енцо Мареска не смета на него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА