Рахим Стерлинг дефинитивно ги отстрани сите дилеми околу својата иднина, откако англискиот репрезентативец денеска потпиша нов договор со Манчестер сити. Стариот договор истекуваше во јуни 2020 година, „граѓаните“ инсистираа на продолжување на соработката, а Стерлинг го искористи тоа за одлично да се испазари, па до јуни 2023 година тој ќе заработува неверојатни 300.000 фунти неделна плата.
„Пресреќен сум што потпишав нов договор. Мојот развој како играч овде беше неверојатен, од првиот ден во Манчестер ми беше јасно дека го направив вистинскиот избор. Благодарен сум што овој клуб ми овозможи да чекорам напред во кариерата“ – истакна Стерлинг по потписот на договорот.
Рахим Стерлинг е член на „граѓаните“ од 2015 година, кога пристигна од редовите на Ливерпул во трансфер вреден 49 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА