Англија ќе биде засилена во пресрет на четвртфиналниот меч од СП 2022 против Франција, откако Рахим Стерлинг се врати назад во Доха и денеска тренираше со „гордиот албион“.
Фудбалерот на Челси замина во Лондон по грабежот во неговата семејна куќа, за да биде крај семејството кое било во куќата во моментот на грабежот. Откако се уверил дека сите се во најдобар ред, Стерлинг синоќа се врати во хотелот, а од денеска почна да тренира со остатокот од селекцијата.
„Се е многу јасно и нормално, здравјето на нашите најблиски е нешто најважно. Стерлинг знае дека ја има поддршката од сите нас, го разбираме неговото инсистирање да замине да биде со своите најблиски“, изјави селекторот Герет Саутгејт.
Кормиларот на „гордиот албион“ сега е во дилема дали да го вклучи Стерлинг во стартниот тим, или повторно шанса меѓу првите единаесетмина да му даде на Фил Фоден, кој игра одлично за Англија откако не беше стартер на првите две средби од групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА