Стерлинг: Топките од секој хет – трик ги чува мајка ми

Рахим Стерлинг блесна на синоќешниот меч меѓу Манчестер Сити и Аталанта во Лигата на шампионите, постигнувајќи хет – трик во второто полувреме во убедливиот триумф (5-1) на „граѓаните“. Тој во период од 11 минути успеа трипати да ја затресе мрежата на италијанскиот тим и стигна до петтиот хет – трик во кариерата. По секое вакво остварување, Стерлинг ја зема топката за спомен, а ги испраќа кај неговата мајка, во Јамајка.

„Сите топки ги чува мајка ми, ги испраќам во Јамајка. Ги чував во мали стаклени кутии, а пртед одреден период купив уште неколку нови кутии. Сега има простор и за нов хет – трик, можеби и затоа одиграв така добро“, се пошегува Рахим Стерлинг по одличното издание на мечот против Аталанта.

Стерлинг има постигнато осум гола на последните осум натпревари, во дресот на Манчестер Сити и на националниот тим на Англија.

 

Се вчитува...