Рахим Стерлинг ја игра најдобрата сезона во кариерата, но својата големина ја покажува и надвор од терените каде што е еден од најгласните борци против расизмот и дискриминацијата, за што доби награда и од британската телевизија БТ спорт.
Тој е добитник на наградата за интегритет и влијане за 2019 година бидејќи отворено говореше за дискриминацијата и расизмот во англискиот фудбал. По церемонијата на свеченото доделување на наградите, водителот на утринската емисија на БТ спорт, Пирс Морган кој е голем фан на Арсенал, се обиде да го замоли асот на „граѓаните“ да се приклучи на неговиот тим.
„Многу има пред тебе. Важно е секогаш да напредуваш, а ти си неверојатен пример за сите и на теренот, но и надвор од него. Кога веќе го имам твоето внимание, што велиш да дојдеш во Арсенал“, напиша популарниот водител.
На твитот на Морган, Стерлинг одговори на неверојатен начин, само накратко напиша
„Извини. Празна ми е батеријата“.
Haha, you have. But more power to you. Life’s about self-improvement & you’ve turned yourself into a brilliant role model on & off the pitch. Now, since I’ve got your ear, how about joining Arsenal? https://t.co/vNxrjPPdgN
— Piers Morgan (@piersmorgan) April 25, 2019
— Piers Morgan (@piersmorgan) April 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА