Стевановиќ повика осум „интернационалци“ за дуелот со Македонија

Младата македонска репрезентација квалификациите за ЕП ги продолжува на 24. март со пресметката против Србија која ќе се игра на стадионот на Вождовац од 17 часот.

Селекторот на Србија, Горан Стевановиќ го соопшти списокот на млади фудбалери со кои ќе се спротистави на Македонија. Стевановиќ повика и осум интернационалци, предводени од Каменовиќ од Лацио, Илиќ од Верона и офанзивецот Тедиќ од холандски Цволе.

СОСТАВОТ НА СРБИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО МАКЕДОНИЈА
ГОЛМАНИ: Милош Гордиќ (Црвена звезда), Новак Мичовиќ (Чукарички), Филип Станковиќ (Волендам, Хол)
ОДБРАНА: Виктор Роган (Чукарички), Дамјан Павловиќ (Стандард Лиеж, Бел), Страхиња Ераковиќ (Црвена звезда), Борис Поповиќ (Серкл Бриж, Бел), Димитрије Каменовиќ (Лацио, Ита), Урош Дрезгиќ (Чукарички), Дамјан Даничиќ (Динамо Загреб, Хрв), Андрија Радуловиќ (Црвена звезда)
СРЕДЕН РЕД: Јован Лукиќ (Чукарички), Иван Илиќ (Верона, Ита), Един Ајдиновиќ (Вождовац), Марко Ивезиќ (Вождовац), Никола Терзиќ (Партизан), Немања Јовиќ (Партизан), Стефан Митровиќ (Раднички Ниш), Жељко Гавриќ (Ференцварош, Унг), Милош Пантовиќ (Вождовац), Стефан Томовиќ (Пролетер)
НАПАД: Слободан Тедиќ (Цволе, Хол), Урош Миловановиќ (Радник Сурдулица).

Се вчитува...