Еден од најдобрите македонски ракометни тренери Стевче Алушовски си заминува од Исланд каде беше тренер на екипата на Тор и во иднина ќе има нов предизвик.
Алушовски на стартот на сезоната потпиша нов тригодишен договор со тимот на чие чело застана минатата сезона, но второлигашот по слабите партии на стартот на новата се реши да му додели отказ.
Пред да замине за Исланд, Алушовски го водеше Вардар со кого ја освои двојната круна во македонскиот ракомет, играше осминафинале во Лигата на шампионите и обезбеди четвртфинале во СЕХА лигата. Претходно поранешното крило седеше и на клупата на Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА