Македонија ЃП е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4-3. Во регуларниот дел и во продолженијата немаше голови, немаше ниту шанси, во тврд натпревар во кој Македонија ЃП го имаше поседот, а Силекс шансата на мечот во регуларниот дел. Христијан Стевковски е херојот на „лавовите“ откако одбрани зицер во регуларниот дел, а потоа и одбрани два пенали во пенал серијата.
Стевковски во 57. минута му скина „зицер“ на Каланоски, и со тоа стана јунак во регуларниот дел, а потоа во продолженијата немаше ниту сила за нешто повеќе. Само една шанса преку Купер, но тоа беше се.
Стевковски го одбрани првиот шут на Алији од Силекс во првата пенал серија, а Адем погоди за водство на Македонија ЃП. Личина и Цветаноски потоа беа прецизни во втората серија, а во третата Стевковски му го одбрани пеналот на Рајков, додека Атанакоски беше прецизен, па предноста на ѓорчепетровци беше голема. Но во четвртата серија Стојчевски погоди, а не успеа паненката на Попзлатанов, па Силекс и натаму остана во игра. Но во последната серија Каланоски погоди, но погоди и Емини за голема радост на Македонија ЃП.
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-0 пен. 4-3
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Гледачи: 4.000.
Судија: Александар Грујоски.
Стрелци: /
Ж. Картони: Алексовски, Купер, Емини (МЃП) – Каланоски, Алији, Спиркоски, Цветаноски (С).
МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанаскоски, Мишевски, Личина, Лазаревиќ, Адем, Емини, Воша (105’ Божиновски), Лемос (91’ Алексовски), Попзлатанов, Стојкоски (56’ Купер).
СИЛЕКС: Божиновски, Рајков, Манасиевски (77’ Танушев), Стојчевски, Љамалари, Каланоски, Спиркоски (105’ Цветаноски), Алији, Димоски (77’ Петковски), Коцев (57’ Стојчевски), Серафимовски.
ПЕНАЛИ:
МАКЕДОНИЈА ЃП СИЛЕКС
Адем + – Алији
Личина + + Цветаноски
Атанаскоски + – Рајков
Попзлатанов – + Стојчевски
Емини + + Каланоски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА