Фудбалерите на Работнички утре во 3. коло на домашен терен во малото скопско дерби ќе ја пречекаат екипата на освојувачот на Националниот куп, Македонија Ѓорче Петров.
Голманот на „лавовите“ Христијан Стевковски вели дека овие мечеви секогаш носеле многу неизвесност, а неговиот тим дека ќе оди на победа на овој натпревар.
„Малото скопско дерби секогаш било интересно, одиме во Маџари да се надигруваме и да извлечеме позитивен резултат од засилениот Работнички“, изјави Стевковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

