Во денешната програма од Првата македонска фудбалска лига во Кавадарци треба да се сретнат екипите на Тиквеш и Силекс.
Секако, меч во кој домаќинот Тиквеш сака да ја продолжи серијата на добри игри пролетва, онаа која што најави подобри денови за кавадарчани годинава и мирен од во шампионатот, и секако Силекс екипа која што и тоа како ги покажува европските амбиции од меч во меч.
„Mислам дека ќе биде дуел на две добри екипи во изедначена борба, па нијанси ќе го одлучат овој дуел. Домашниот терен и убавата атмосфера секако дека треба да бидат наша предност и ќе ни помогне во остварувањето на позитивен резултат“ – вели голманот на Тиквеш, Христијан Стевковски, и дополнува:
„Иако Силекс е една од поквалитетните екипи во нашето првенство мислам дека на денешниот дуел нема да биде лесно да земат бодови во Кавадарци. Особено доколку и ние бидеме концентрирани 90 минути, ги исполниме задачите зададени од нашиот тренер и ги искористиме шансите кои ќе ни се укажат. Имаме квалитет на секоја позиција, добра екипа и добра атмосфера и тоа го покажуваме константно. Убеден сум дека секој нареден натпревар ќе бидеме се подобри и подобри“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

