Стигна демант: Клоп во Рома, ма нема шанси!

Кратко траеше еуфоријата меѓу фановите на Рома откако утрово италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека Јирген Клоп прифатил да седне на клупата на „римската волчица“ по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона.

„Ла Стампа“ тврдеше дека постои договор меѓу Клоп и Рома за Германецот да се врати на тренерската работа една година откако го напушти кормилото на Ливерпул, но ова експресно беше демантирано од агентот на 57-годишниот Клоп.

„Јирген нов тренер на Рома? Ма нема шанси, тоа се лажни вести“, дециден беше агентот Марк Косике.

„Волчицата“ се уште е во потрага по тренер за новата сезона откако Клаудио Раниери јасно стави до знаење дека и покрај извонредните резултати од доаѓањето планира летово да се врати во пензија.

Се вчитува...